Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, на 23 декември 2025 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена постхумната изложба на академскиот ликовен уметник Димитар Филев, насловена „Спомените се дел од нас“.
Изложбата претставува омаж на творештвото и уметничкото наследство на Филев, преку избор на дела кои сведочат за неговиот сензибилитет, стил и длабока посветеност кон ликовната уметност. Преку изложените дела, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со уметничкиот израз и трајната вредност што овој автор ја остави зад себе.
Настанот ќе се одржи во просториите на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, а изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.





























