Во текот на целата оваа седмица нашата територија ќе се наоѓа под влијание на голем топлотен бран кој продира од северните предели на Африка, и истиот ќе донесе екстремно високи температури на воздухот, а времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево со екстремно висок Ув индекс (коефициент помеѓу 9 и 10).
Поради топлотниот бран и екстремно високите температури oд Противпожарната единица на Струмица апелираат на крајна претпазливост, односно граѓаните да внимаваат како се однесуваат во природа, поради опасноста од појава на шумски пожари.
„Апелираме до граѓаните да се воздржат од палење оган на стрништа, растителни отпдоци, сув вегетациски горлив материјал и земјоделски земјишта. Во случај на пожар или друга елементарна непогода граѓаните да се јават на телефонскиот број 193“, стои во апелот на ТППЕ Струмица.