Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека настанат е дефект на водоводната мрежа во турското маало во градот Струмица. Екипи на комуналното претпријатие работат на отстранување на дефектот. Во моментот без вода се жителите од улиците: „5 Ноември“, „Славчо Стојменски“, „Бетовенова“, „Бошко Буха“ и „Братство“. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 22:00 часот.