Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека во моментот е прекинато водоснабдувањето во населеното место Добрејци поради настанат дефект на водоводната мрежа. Екипи на комуналното претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува денеска (понеделник, 20 февруари), до 13:00 часот.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	


















 
								