Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа прекинато е водоснабдувањето во населеното место Куклиш. Екипите на јавното комунално претпријатие се на терен и работат на отстранување на истиот. Поради сериозноста на дефектот вода за пиење од водоводната мрежа жителите на Куклиш нема да имаат денеска и утре (понеделник и вторник), 20 и 21 ноември.