СВР Струмица ќе поднесе кривична пријава за тројца млади струмичани кои вчера кај Тркања гореле кабли создавајќи чад подолго време со што ја загрозувале животната средина.
„Полициски службеници од СВР Струмица извршиле увид на место викано Тркања, атар на Струмица, каде претходно биле затекнати лицата У.Д.(18), Р.А.(18) и Е.Д.(26), сите од Струмица, кои гореле кабли. За настанот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветна пријава поради сомнение за сторено кривично дело – „Загрозување на животната средина и природата, по член 218 од Кривичниот законик“ – информираат од струмичката полиција.
Вчера Општинските комунални инспектори и полициски службеници, по пријава на граѓани ги затекнале тројцата струмичани како од стари апарати горат кабли.