недела, 1 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Полицијата ќе биде присутна насекаде за време на празниците – апел од началникот на СВР Струмица, Кирил Арапов

четврток, 28 декември, 2023 | 09:04
in Вести, Струмица

Началникот на Секторот за внатрешни работи – Струмица, Кирил Арапов информираше дека во претстојниот празничен период ќе биде зголемена безбедноста и присуството на полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир и контролирање на сообраќајот.

„Во пресрет на претстојните Новогодишни и Божиќни празници Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки во насока на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачјето на СВР Струмица во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот и сообраќајот. Како и претходните години, така и оваа, полициските службеници при редовно извршување на работните задачи плански ќе бидат поставени на места кадешто ќе има поголемо присуство на граѓани, најчесто во централните градски подрачја, пред угостителските објекти коишто организираат прослави и на места кадешто има поголем број присутни од младата популација“ – кажа началникот на СВР Струмица, Кирил Арапов.

Тој најави дека превентивно ќе се постапува со цел да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир, а да спречи можно вршење на кривични дела. Началникот Арапов најави и засилени контроли на возачите.

„Полициските службеници ќе ја зајакнат контролата на возачите, со акцент на контролата ќе стават на управување возило под дејство на алкохол и управување на возило со поголема брзина од дозволената, од причина што овие прекршоци во изминатиот период се главни причинители за случените сообраќајни незгоди“ – додаде Арапов.

Апелира до сите граѓани да се потрудат сообраќајната култура во овој период да биде на највисоко ниво.

„Не мислам само на возачите, туку и на пешаците и на другите учесници во сообраќајот, бидејќи кога се движиме низ градовите кадешто нормално во овој период се очекува зголемено раздвижување, бараме од вас да бидете трпеливи и внимателни и да ги почитувате сообраќајните правила и прописи, а пред се и клучно да ги избегнувате неправилните паркирања и здржувања. Апелирам до граѓаните кои планираат новогодишните празници да ги поминат надвор од своите домови да преземат мерки за нивна заштита, на својот имот, а на возачите коишто возат им препорачувам да ја прилагодат брзината според условите и состојбата на патот, доколку конзумираат алкохол да не управуваат возило и никако да не седнуваат зад волан“ – кажа Арапов.

Тој упати и честитка до граѓаните од името на вработените во СВР Струмица по повод Новогодишните и Божиќните празници.

„Дозволете ми од мое лично име и од името на вработените во СВР Струмица на граѓаните да им посакам среќни Новогодишни и Божиќни празници, апелирајќи пред се, во овој прекрасен празничен период да не заборавиме на невидливиот непријател, да ги почитуваме правилата и да славиме одговорно“ – кажа началникот на СВР Струмица, Кирил Арапов.

ShareTweetShare
Previous Post

Во прекин патниот правец Струмица – Валандово кај „Македонска куќа“

Next Post

Маџунков: Во 2024 година ќе се набават електрични комбиња за јавен превоз по цена од 350.000 евра

Related Posts

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32
На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева
Вести

На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева

сабота, 31 мај, 2025 | 09:41
ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица

петок, 30 мај, 2025 | 17:53
Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија
Вести

Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија

петок, 30 мај, 2025 | 14:47

ТОП ВЕСТИ

Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица
Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist