Вчера во 17:40 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Р.(52) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.