Полициски службеници од СВР Струмица во текот на вчерашниот ден, во одделни случаи лиши од слобода две лица, Д.Ј.(20) од село Мокриево, општина Ново Село и Д.К.(46) од село Добрејци, општина Струмица.
Кај Д.Ј. при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага, додека кај Д.К. при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени ќесе со марихуана и две шишенца исполнети со течност.
За овие два настани бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.