Синоќа во 23:45 часот, полициски службеници во селото Банско, струмичко го привеле Б.М. (65) од истото село, по пријава дека неколку часа претходно пукал со воздушна пушка кон малолетник од Струмица.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил околу 20:30 часот во близина на домот на осомничениот, кога тој испукал проектил со воздушна пушка и го погодил малолетникот во ногата. На повредениот му била укажана медицинска помош во ЈЗУ Општа болница – Струмица.
Полициските службеници ја пронашле и одзеле воздушната пушка, а Б.М. бил задржан во Полициската станица Струмица. За случајот бил информиран јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.




























