Вчера во 15:50 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 18-годишно момче од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, предмети со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против момчето ќе биде поднесена соодветна пријава.