СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Е.(33) од село Попчево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
„На 30.06.2025 година во Струмица, по претходно случена сообраќајна незгода, во патничко возило „Голф“ кое пријавениот го управувал, е пронајдена и одземена марихуана“, се наведува во полицискиот билтен.