Во близина на Колешинскиот водопад, струмичката полиција го пронајде 39-годишниот Р.Д., кој неговата мајка го пријави како исчезнат пред два дена.
Денеска (15.08.2025 година) во 10:30 часот во близина на Колешински водопади полициски службеници од СВР Струмица го пронајдоа Р.Д.(39), кој на 14.08.2025 година од страна на неговата мајка Љ.Д.(64) од Струмица беше пријавен дека на 13.08.2025 се оддалечил, соопштија од СВР Струмица.