Од МВР информираат дека вчера попладне во 15:45 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село при Регионалниот центар за гранични работи – Исток, запреле и извршиле преглед на трактор со приколка натоварен со огревно дрво, а управуван од О.И.(37) од село Банско.
При прегледот било констатирано дека дрвата се нежигосани и дека О.И. нема документи за нивен превоз. За настанот биле известени Шумска полиција и јавен обвинител.
Како што пишува во денешниот билтен на МВР, додека траел прегледот на самото место се собрала поголема група жители на селото, а О.И. со тракторот се оддалечил од местото. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.