Синоќа во периодот од 00:30 до 03:00 часот полициски службеници за безбездност на патниот сообраќај при СВР Струмица на место викано „Слобода“ на магистрален пат А4, Струмица – Радовиш, запреле комбе „Мерцедес“ со струмички регистерски ознаки, управувано од А.С.(20) од село Радовo, струмичко, комбе „Форд“ со струмички регистерски ознаки, управувано од П.А.(50) од село Пиперево, струмичко и комбе „Мерцедес“ со струмички регистерски ознаки, управувано од А.Ј.(22) од Радовиш, информираат од СВР Струмица.
При контрола било утврдено дека лицата со возилата вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.