Синоќа по полноќ полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во 3 угостителски објекти било констатирано присуство на малолетни лица после 24:00 часот, а во еден од овие објекти било констатирано и точење алкохол на малолетник. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.