Синоќа по полноќ од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица била извршена контрола во угостителски објекти на подрачјето на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетни лица по 24:00 часот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од струмичката полиција.