На 4-ти декември во Центарот за култура во Струмица ќе се организира „Tribute концерт“ во чест на македонската фолк легенда Гоце Арнаудов, кој почина на 6-ти декември во 2011-та година на 57-годишна возраст.
Најголемите и вечни хитови на Гоце Арнаудов ќе ги отпает голем број од неговите колеги: Миле Кузмановски, Кристина Арнаудова, Елена Велевска, Ленче и Горан Кукиќ, Александра Јанева, Јоце Панов, Ламбе Алабаковски, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Мартијан Кириловски, Борис и Билјана Димови, Јовче Пандев, Бока Конга & Боби Сакс, Градски хор на општина Струмица.
Влезници за концертот по цена од 350 денари во продажба на билетара во Центарот за култура „Антон Панов“ Струмица (секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот).
Среда, 4 декември | 19:00 часот | Центар за култура – Струмица