Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска попладнето околу 15 часот во селото Штука, шест пожарникари-спасители со две противпожарни возила интервенираа на гаснење пожар на запалена штала и кровна конструкција од семејна куќа.
Како што информираа пожарникарите, во моментот на пристигнувањето оганот со сета силина ја зафаќаше кровната конструкција на куќата при што сите напори беа вложени да се спречи неговото понатамошно ширење. Причината е голема материјална штета.
ФОТО: ТППЕ Струмица