Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска околу 13:30 часот во Државното средно училиште РЦСОО „Никола Карев“ во Струмица, ТППЕ Струмица со 1 противпожарно возило и 6 пожарникари-спасители интервенирале на гасење на запалена просторија – тоалет. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран за кратко време после пристигнувањето.