Од Противпожарната единица на Струмица утрово информираат дека синоќа пред 19:00 часот интервенирале на настанат пожар во селото Сушица.
„Шест пожарникари-спасители со две противпожарни возила интервенираа на гасење на запален погон за производство на столови. Пожарот е навремено локализиран и ликвидиран при што е спречено истиот да се прошири и направи поголема материјална штета“ – соопштија од ТППЕ Струмица.
ФОТО: ТППЕ Струмица