Во општина Василево, на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково, во месноста Врчви од пред неколку часови, има активен пожар. На лице место се припадниците на ТППЕ Струмица кои работат на негово гасење и спречување на понатамошно ширење. Според информацијата од терен, опжарени се околу 5 ха, главно лозов насад во приватна сопственост и сува трева и грмушки. Пожарот, „потпомогнат“ од моменталниот ветер има тенденција за ширење кон населеното место Седларци, објавија од Општина Василево.
Според објавата, на самото место бил и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој изразил загриженост за состојбата и осуда за чинот на палење чии последици и обем допрва ќе се утврдуваат.