Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека синоќа околу 22:00 часот пет пожарникари со две противпожарни возила интервенирале во Дабиље каде горела плевна.
Пожарот бил во разгорена фаза и веднаш после пристигнувањето беше спречено да се рашири кон околните објекти, а потоа пристапено кон негово целосно ликвидирање. Причинета е голема материјална штета.