Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов објави видео на Фејсбук преку кое побара помош за евакуација од местото на пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен. Тој, неколку цивили и пожарникари од Струмица се заробени од пожарот од сите страни во радиус од 500 метри и побара хеликоптер да дојде по нив да ги земат, бидејќи сите копнени врски се прекинати.