Поглаварот на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан во видео обраќање побара поддршка околу протестот пред Соборниот храм во Скопје, во четврток на 29-ти јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.
„Возљубени секој од нас и сите заедно имаме света должност, она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата. Со тоа обезбедуваме иднина на својот народ, бранејќи и чувајќи ги тие придобивки и кон Бога и кон својот род“, вели меѓу другото г.г. Стефан.