Вчера околу 15:00 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, на делницата од Самоилово до Ново Село, патничко возило „Нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б.(30) од Струмица, излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Б., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.