Вчера околу 18:30 часот на крстосница од булевар „Ленинова“ и улицата „24 Октомври“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(57) од Ново Село и мотоцикл „Јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(25) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во струмичката болница. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.