При интервенцијата за гаснење на запалена сува трева и ниска деградирана шума во атарот на село Зубово, во текот на вчерашниот ден еден пожарникар се здобил со повреди при што е му е скршено едно ребро. По извршените лекарски прегледи во струмичката болница пожарникарот со соодветна терапија е пратен на домашно лекување.
Во текот на вчерашниот ден струмичките пожарникари имале осум интервенции на пожари, гореле суви треви, стрниште, ниска шума, депонии, но и автомобил.