Синоќа во 21:45 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, на „Градашорска крстосница“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.У.(34) од Велес, а со престој во Струмица, и мотоцикл „Јамаха“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од И.В.(53) од Радовиш.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во струмичката болница.
Извршен бил увид од екипа на СВР Струмица.