Од СВР Струмица информираат дека вчера во селото Баница, струмичко, полициски службеници ги лишиле од слобода И.Ѓ.(38) и А.Ѓ.(18) и двајцата од село Баница, кои околу 12:00 часот во селото Пиперево, струмичко, заедно со уште две малолетни лица, физички ги нападнале Т.Б., И.С. и В.С., нанесувајќи им повреди.
Во Полициската станица Струмица биле повикани и двете малолетни лица, со кои биле извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.