Вчера во доцните попладневни часови на струмичкото корзо ПЗУ Аптеки „ЕЛИКСИР“ од Струмица го одбелажа 24 Јули, во календарот на светски денови за подигнување на свеста за здравјето познат како „Светски ден на грижата за сопственото здравје“.
ПЗУ аптеки „ЕЛИКСИР“ Струмица, како општествено одговорна компанија и дел од фармацевтската дејност веќе 30 години, организираше настан под слоганот „Грижата за сопственото здравје е грижа за здравјето на сите“, каде на граѓаните, случајни минувачи им делеа вода, бесплатни примероци на препарати, како електролити, пробиотици и препарати за заштита од сонце, како и едукативни флаери, промотивни материјали, стручни совети.
Грижата за себе или грижата за сопственото здравје претставува збир на активности кои индивидуите, семејствата и заедницата ги преземаат за одржување и унапредување на сопственото здравје, превенција на болести и справување со истите, самостојно и со помош на здравствените работници. Поради се поголемиот недостаток на здравствени работници и оптеретување на здравствениот систем, неопходно е да се подигне свеста кај населението дека грижата за сопственото здравје е неопходна алка во зачувувањето и унапредувањето на целокупното здравје.