Полициски службеници од Полициската станица Струмица денеска во 14:45 часот во Струмица постапувајќи по претходно изготвен оперативен план за безбедност во и околу училиштата кој се спроведува на територија на целата држава, пронашле двајца мигранти од Мароко, кои заедно со уште три лица-мигранти проселе во двор на училиште во Струмица, информира СВР Струмица.
Мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.