Советот на општина Струмица донесе одлука работното време на угостителските објекти на територијата на општината да биде продолжено за 2 часа од петок, 28 февруари до недела, 2 март 2025 година, по повод одржувањето на Струмичкиот карневал. Ова продолжување на работното време е во согласност со член 23 од Законот за угостителска дејност, кој дозволува продолжување на работното време за одредени манифестации.