Денеска во 17:25 часот, во кругот на ЈПКД „Комуналец“ во објектите кои се користат како магацини избувна голем пожар. Веднаш беа испратени 4 ПП возила и 15 пожарникари-спасители. Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од страна на ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот. Друг тим во исклучително тешки и опасни околности заради дождот што врнеше изврши отворање на лимениот кров и овозможи обезчадување на просториите, информираат од Противпожарната единица на Струмица.
Пожарот е локализиран и ликвидиран, на лице место сé уште дежури еден тим заради целосна контрола. Причинета е голема материјална штета.