Пензионерите утре на своите смекти ќе ја добијат втората исплата на финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати, која е во времетраење од четири месеци.
„Минатиот месец, со исплатата на декемвриската пензија, финансиска поддршка од 1.500 денари добија 62.951 лице, чија пензија е до 11.525 денари и по 750 денари добија 65.704 лица, со износ на пензии од 11.526 до 14.000 денари“, соопшти Владата.
Од таму најавија дека следува ново усогласување на пензиите за два месеца во оваа нова 2023 година, во месец март, според трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%.