Владата на денешната седница им препорача на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
- за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.01.2023 година (понеделник),
- за пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.01.2023 година (вторник),
- за пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.02.2023 година (среда) и
- за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.02.2023 година (четврток).