Патниот правец Струмица – Граничен премин „Ново Село“ е затворен за сообраќај на товарни возила, соопшти АМСМ.
„Сообраќајот на регионалниот пат Струмица – ГП „Ново Село“ е затворен за товарни возила, а за другите возила се пренасочува“, се наведува во известувањето.
Причините за затворањето не се наведени, а возачите се повикуваат на внимателност и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
ДОПОЛНИТЕЛНО во 18:00 часот – Сообраќајот на регионалниот пат Струмица – ГП „Ново Село“ е нормализиран.
                                
		    
                                











	
	
	
	
	
	
	
	
	
	














