Од Центарот за култура „Антон Панов“ Струмица информираат дека парите од продадените билети за претставите кои се најавени во месец февруари ќе бидат донирани за помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
„Да бидеме хумани и да подадеме рака таму каде што е најпотребно“ – стои во апелот на ова институција.
Инаку според програмата за овој месец, вечерва од 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Лизелота и месец Мај“.
На 9 февруари (четврток) танцов перформанс „Schwindel“.
На 16 феврауари (четврток) претставата „Циркус Пирандело“.
На 20 и 28 февруари (понеделник и вторник) претставата „Кора од портокал“.