Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека пазарот „Чешел“, како и „Кванташки пазар“ за време на Велигденските празници ќе работат со редовно работно време. Пазарот во „Глобал“ ќе работи редовно во сабота, додека во петок (3 мај) и понеделник (6 мај) ќе биде затворен.