Струмичанецот Павле Витанов успеа да се пласира во полуфиналето на балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“ на Гранд продукцијата. Во синоќешниот дуел со Стеван Лазаревиќ од Крагуевац, Павле со песната „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ од Јордан Митев и освоените 3 спрема 2 гласа се поблиску до финалето.
Павле толку лесно ја изведе песната што членовите на жирито беа пресреќни. „Маестрално ја изведовте ова песна, Браво“ – кажа Сергеј, а истото го мислеа и Милица и Маре.
Во недела на 18 јуни, Павле Витанов е меѓу тринаесетте полуфиналисти, а можноста за гласање ќе ја има и публиката од Македонија преку „онлајн“ гласање. Дотогаш уживајте во изведбата на Павле…