Во вечерашното издание на балканското ТВ шоу „Никад није касно“ свој настап повторно имаше и струмичанецот Павле Витанов, познато име за струмичани, но и за љубителите на добрата песна во регионот.
Со својата интерпретација ги воодушеви сите во студиото, а ги оправда зборовите кои ги кажа на својот профил дека музиката е негова страст и најголема љубов. Ја запеа песната „Сине“.
„Вечерва ја пеам песната „Сине“ од Шериф Коњевиќ, таа песна му ја посветувам на син ми и на сите деца на овој свет“ – кажа Павле, истакнувајќи го својот прекрасен глас и изведбата на песната за што доби само позитивни коментари од жирито.
Во ревијалниот дел Павле настапи со синот Ангел, а заедно ја пееја песната на Мирослав Илиќ – „Божанствена жено“, која Павле ја посвети на сопругата Весела. Најемотивниот момент се случи кога Жика на сцената ја донесе сопругата на Павле, а потоа двајцата танцуваа додека нивниот син пееше.
ФОТО: www.grand.nova.rs