Павле Витанов ја освои победата на „Никогаш не е доцна“ со помош на гласовите на публиката преку социјалната мрежа Фејсбук. Тој освои 44.604 гласови или 34,5% од вкупниот број на гласовите.
Статуетката му ја врачи Снежана Џуришиќ, а по победата Павле не можеше да ја сокрие возбудата, посебно што победи во категоријата Фејсбук гласање.
„За време на пандемијата свирев и пеев преку Фејсбук и добив одличен одзив, голем број на следбеници, се исплати. Многу сум возбуден. Им честитам на сите финалисти за одличната борба“, кажа Павле по прогласување на победата.
Победник преку СМС гласови е Сабина Калтак, а во ова гласање Павле се пласираше како трет со 7701 СМС глас.
Стручното жири составено од 19 еминентни пејачи и музичари, по поединечното гласање, за победник го прогласија Петар Спасоевиќ.