СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(37) од струмичкото село Секирник, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, по објава од еден портал на социјалната мрежа Фејсбук, постирал коментар со недолична и заканувачка содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство, стои во соопштението на МВР.