Советот на општина Струмица донесе одлука за доделување 300.000 денари еднократна финансиска помош за Општина Делчево, во знак на поддршка и солидарност по огромните штети што ги претрпе општината од природната непогода, обилните врнежи од дожд пред 15-тина дена. Ова одлука советниците ја донесоа едногласно на денешната 24-та седница на Советот.