За прв пат во општина Струмица денеска во Домот на АРМ се формираше Локален совет за претприемништво на којшто присуствуваа жени претприемнички.
На првата работна средба присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов на кој унапредувањето на женското претприемништво му беше едно од ветувањата во предизборната кампања.
„Верувам во потенцијалите на жените и нивниот претприемнички дух, но и си стојам на зборот што го дадов дека родовата еднаквост во економскиот развој на Струмица е еден од предизвиците во мојот мандат. Ќе ги споиме вашите идеи и мојата поддршка и заедно ќе ги искористиме сите можности за унапредување на женското претприемништво“ – кажа градоначалникот Костадинов.