Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов информираше дека општината во наредниот период фокус става на подобрување на условите за живот во населените места.
Планирани се близу 10 милиони денари за ревитализација, реконструкција и рехабилитација на детските и спортските игралишта и на парковите во населените места.
„Во моментот во Просениково се врши реконструкција на трите паркови, а се решава и проблемот со атмосферската канализација со што при обилни дождови повеќе нема да се собира водата во центарот на селото. Ќе се уредуваат и зелените површини во населените места Дабиле, Куклиш и Рич, а во Сачево веќе започнуваме со дел од градежните активности кои ќе траат до крајот на годината“, информираше Костадинов.