По повод Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, Општина Струмица на 23 мај (вторник) со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе организира Свечена академија на која втора година на најдобрите просветни работници ќе им бидат доделени признанија за нивната работа, иновативност и посветеност.
Вторник, 23 мај | 20:00 часот | Центар за култура – Струмица