Општина Струмица им даде на трајно користење објекти во општина Струмица на градинките „Детска радост“ и „Виножито“, спортската сала на ООУ „Маршал Тито“ во Муртино и времено користење објекти на ЈЗУ „Здравствен Дом на Скопје“ – Скопје и на „ЕДУПРАКТИКА“ – Струмица. Ваква одлука донесе Советот на општина Струмица на денешната 19-та седница.
На денешната седница беа усвоени повеќе предлог одлуки и планови, како и годишниот извештај на Локалниот совет за превенција за 2022 година, барањето согласност за приeм на помал број на деца во ЈОУДГ „Виножито“ како и измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2023 година, одлуките за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта“ и ЈПЗБК „Стационар Лана“ за 2023 година, одлуки од областа на урбанизмот и одлуките за парична помош на Катерина Јанева и Александар Димитриевски од Струмица, информираат од општината.