Првата форумска сесија која е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2023/2024 година ќе се одржи утре (петок, 3 ноември), во 18:00 часот во просториите на новоотворениот Младинскиот центар во зградата на Општина Струмица.
На првата форумска сесија граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со процесот на буџетирање, структура на Буџетот на општина Струмица, буџетски календар и планираните приоритети за развој за 2024 година и да учествуваат во избор на приоритетна програма/проекти за реализација од Буџетот на општина Струмица за 2024 година, информираат од општината.