Општина Василево и ЈПКД „Турија“, по повод верскиот празник Богојавление – Водици активно се вклучени во подготовките за традиционалното фрлање на светиот крст во осветените води, информираат од општината.
Како дел од прославата на Богојавление – Водици, на 19 јануари (четврток), крстови ќе се фрлат во водите во населените места во ова општина. За прв пат ова година за населеното место Василево преку аптеката „Зегин“ е обезбеден вредносен ваучер од 12.000 денари.
ЈПКД „Турија“ со механизација врши чистење и уредување на речното корито во населените места Василево, Пиперево, Владевци, Сушево и Добрашинци, каде на 19 јануари, црковните лица ќе извршат осветување на водите и фрлање на светиот крст.
Општина Василево традиционално во знак на поддршка, на најуспешните учесници, оние кои ќе успеат да го извадат крстот од водите, финансиски ќе ги награди.